Обемот на стоковната размена за првите осум месеци од годината е за 10 отсто поголем во однос на истиот период од минатата година. Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија за осум месеци изнесува 1,9 милијарди долари, а на увозот 3,3 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз е 59,5 отсто, а трговскиот дефицит за овој периодот 1,3 милијарди долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на производите од железо и челик, облеката, фероникелот и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија. Најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите членки на ЕУ 27 со 61,1 отсто и земјите од Западен Балкан 31,8 отсто. Во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите членки на ЕУ 27 52,2 отсто и земјите во развој 29 отсто.
Обемот на стоковната размена за првите осум месеци од годината е за 10 отсто поголем во однос на истиот период од минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија за осум месеци изнесува 1,9 милијарди долари, а на увозот 3,3 милијарди долари.
Покриеноста на увозот со извоз е 59,5 отсто, а трговскиот дефицит за овој периодот 1,3 милијарди долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на производите од железо и челик, облеката, фероникелот и преработките од нафта.
Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.
Најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите членки на ЕУ 27 со 61,1 отсто и земјите од Западен Балкан 31,8 отсто.
Во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите членки на ЕУ 27 52,2 отсто и земјите во развој 29 отсто.
Според вкупниот обем на надворешно трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Србија, Грција, Русија и Италија односно 44 отсто од вкупната надворешно трговска размена се врши со овие пет земји.